Тројца адвокати во трка за член на Судскиот совет – Денеска интервјуа во Собранието

Тројца кандидати денеска ќе бидат интервјуирани во Собранието во рамки на постапката за избор на нов член на Судскиот совет, кој се избира од страна на пратениците.

Интервјуата ќе ги спроведе Комисијата за прашања на изборите и именувањата, по објавениот јавен оглас и проверката на пристигнатите пријави. Од вкупно четирите пријавени лица, три ги исполнуваат предвидените услови за учество во понатамошната постапка.

Меѓу кандидатите што ќе бидат интервјуирани се Емилија Алексовска, адвокатка од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица, и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар.

Постапката се спроведува по претходно поништување на огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.

Back to top button
Close