Трошоците на живот во октомври поголеми за 19.8 проценти, а цените на мало за 15.4 отсто

Трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври лани, бележат зголемување од 19.8 %, а цените на мало од 15.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на септември годинава, пак, трошоците на животот се поголеми за 1.4, а цените на мало за 0.6 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3 %, млекото за 5.9 %, сирењето и урдата за 5.7 %, месото за 3.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2 %, рибата и морските плодови за 2.8 %, лебот и житата за 1.8 %, кафето, чајот, какаото за 1.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1 %, виното за 0.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5 %, пивото за 0.4 % и жестоките пијалаци за 0.3 %.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.4 %, парамедицинските услуги за 1.8 %, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7 %, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6 %, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, медицинските услуги за 1.3.%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %. Малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни поскапеле за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8 %, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0.7 %, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.6 %, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3.6 % и маслото и маснотиите за 0.8 %.

Во октомври, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12.4 %, туристичките аранжмани за 10.4 %, теписите и другите подни покривки за 4.5 %, воздухопловниот патнички транспорт за 1.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1 %, моторните возила за 0.7 %.

 

Back to top button
Close