Туфегџиќ: Од тие 15, најмалку 5 обвинители не се согласуваат со ваков концепт на обвинение за „Пулс“

За судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, адвокатот Владимир Туфегџиќ во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека и покрај тоа што не е инволвиран во предметот, го прочита обвинителниот акт и смета дека е проблематичен во повеќе основи.
„Имав прилика да го прочитам обвинението, и во овој случај е проблематично во повеќе основи, затоа што од она што успеав да го видам, тоа е дека во еден дел во описот на обвинението опфаќа група на лица, односно обвинети, но описот оди во бесправна грабна, нелегална градба, нелегална конструкција. Во другиот дел се опфатени министри, градоначалници, и во описот нема јасна контура која е врската нивна со трагедијата, и дури на крај тоа е момент во точка 11 е самиот настан, наместо да биде во точка 1, тој е во точка 11. Но, ЈО тргнало прво како што тргнало во овој предмет и останува впечатокот дека тие малку популистички го направија. Во ваков предмет да ставите 15 обвинители, а убеден сум и сигурен дека најмалку пет не се согласуваат со ваков концепт на обвинение. Трагедијата е огромна, но не можам да најдам врска на министер за економија од 2012 година да го поврзам со самиот настан, затоа што тој вршејќи ја службената положба издал лиценца која се испоставило дека се однесува за сосема друг објект. И истата важи до 2013 година“, рече Туфегџиќ.






