Тухел: Честитки за Баер, трката за титулата е завршена

 Тренерот на Баерн, Томас Тухел изјави дека трката за шампионската титула во тековната сезона од германскиот шампионат е завршена.

– Честитки до Баер за шампионската титула. Трката за титулата е завршена, изјави Тухел.

Вчера Баерн загуби во Минхен од Борусија Дортмунд (0:2) во 27. коло во Бундеслигата, а Баер Леверкузен го совлада Хофенхајм (2:1).

Клубот од Леверкузен е на првото место во поредокот со 73 бодови. Баерн Минхен е на второто место со 60 бодови. До крајот на шампионатот остануваат уште седум кола.

Back to top button
Close