Туниската крајбрежна стража спасила 267 мигранти на пат за Европа

– Туниската крајбрежна стража спаси 267 мигранти од давење откако им се расипал бродот на пат кон Европа, изјави денеска локален хуманитарен претставник, пренесе ДПА.

Спасувањето на мигрантите, главно од Бангладеш, било изведено крај крајбрежниот град Бен Гуердане, изјави за ДПА, Мунџи Салим, шеф на Црвената полумесечина во јужната туниска провинција Меденини.

Ова е најголем број спасени мигранти крај тунискиот брег во една операција, наведе хуманитарната организација.

-Мигрантите, од кои 264 беа од Бангладеш и тројца од Египет, се смета дека тргнале од либискиот град Зувара, изјави Салим.

Засега останува нејасно дали има удавени меѓу мигрантите од бродот.

Илјадници мигранти секоја година ги ризикуваат своите животи преминувајќи од Тунис и Либија во потрага по подобар живот во Европа, пренесува ДПА.

Најмалку 41 мигрант починаа во април, откако нивниот брод потона крај тунискиот брег

Според Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), само годинава во водите на Медитеранот се удавиле повеќе од 550 лица.

Back to top button
Close