Турција: Ги развивме првите дронови во историјата кои полетуваат и слетуваат со помош на вештачка интелигенција

Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство во Турција, „Бајрактар ​​ТБ3“, помина уште една важна фаза од тестирањето на носачот на авиони „ТЦГ Анадолу“, надминувајќи 100 успешни летови, објавија турските медиуми.

Според соопштението објавено денес од „Бајкар“, тестовите на „Бајрактар ​​ТБ3“, првото борбено беспилотно летало во историјата кое може целосно автономно да полетува и слетува од брод со кратка писта, се успешно спроведени на „ТЦГ Анадолу“.

За време на најновите тестови, кои беа спроведени помеѓу 28 мај и 2 јуни, беше потврдена и можноста за целосно автоматско полетување и слетување со поддршка на визуелна вештачка интелигенција (ВИ).

Клучните можности како што се визуелно следење на линиите, откривање на носачи на авиони, препознавање на писта и проценка на аголот на слетување со помош на компјутерски вид беа исто така успешно тестирани

Back to top button
Close