Турција и Ирак потпишаа 11 договори за соработка во клучните сектори
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и премиерот на Ирак, Мохамед Шиа ал Судани потпишаа 11 договори за соработка во различни области, вклучувајќи ја одбраната, образованието, миграцијата и други клучни сектори.
– Направивме сериозен напредок во нашите односи со Ирак, се надевам дека ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите врски, посочи Ердоган.
Тој додаде дека со Судани постигнале договор и за соработка во борбата против тероризмот.
– Во иднина нема место за тероризам во нашиот регион. Никогаш не сме ја сметале стабилноста и мирот на Ирак за одвоени од нашата и никогаш нема да ја сметаме, посочи Ердоган.
Тој наведе дека минатата година трговската размена помеѓу Турција и Ирак изнесувала приближно 18 милијарди долари и оти е „голем потенцијалот за развој на билатералната трговија“.
Турција и Ирак се договорија да соработуваат и во борбата против наркотиците, управување со катастрофи и вонредни состојби, метеорологија и информатичка технологија