Турција негира дека е вмешана во инцидентот со десетици голи мигранти на грчка територија

Турција негира каква било вмешаност во инцидентот во кој грчките власти вчера пронајдоа 92 мигранти напуштени, без облека, во близина на граничната река Марица (Еврос).

„Не можејќи да пронајдете ниту еден случај на прекршување на човековите права од Турција, вие се обидувате да ја прикажете сликата за сопствената суровост како да е извршена од Турција“, напиша турскиот заменик министер за внатрешни работи Исмаил Чатакли на Твитер и ја повика Грција да престане со „манипулации и нечесност“.

Неговата изјава дојде како одговор на грчкиот министер за цивилна заштита Нотис Митаракис, кој рече дека мигрантите тврдат дека биле одведени во Грција од страна на турската воена полиција.

Грција наскоро ќе ја прошири својата ограда од 40 километри долж границата со Турција, додаде Митаракис.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close