Турските студенти во Штип трошат до 1000 евра месечно: „Тоа е добра сума за нас

Турските студенти кои студираат во Штип трошат околу 1000 евра месечно, што за нив е прифатлива сума, бидејќи имаат финансиска можност тоа да си го дозволат. Тие велат за М-Нет телевизија дека се задоволни од студентскиот живот во Штип и Македонија.

„Можеби околу 1000 евра, не сум сигурен, но приближно толку. Добро е, бидејќи ние сме студенти, а оваа сума е доволна. Ми се допаѓа Штип, но и Скопје е исто така убав град“, изјави еден од студентите.

„За еден месец трошам околу 1000 евра. Тоа е добра сума за нас студентите, барем за мене“, додаде друг студент.

Студентите најмногу пари трошат на храна, а од македонската традиционална кујна најчесто консумираат пастрмајлија и бурек.

Повеќето турски студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ по дипломирањето се враќаат во Турција за да бараат вработување. Меѓутоа, доколку не најдат работа со посакуваните услови, тие бараат можности за кариера во европските земји

Back to top button
Close