Туск: Градиме безбедна, вооружена и обединета Европа против руската закана
Денешниот Самитот на ЕУ ќе биде посветен на финализирање на првата фаза од можеби најважниот европски проект во последните децении – „изградбата на безбедна, вооружена и обединета Европа против руската закана“, порача денеска полскиот премиер Доналд Туск пред заминувањето на заседанието на Европскиот совет во Брисел.

– Можеби се сеќавате колку пати бевме сами кога ги предупредувавме другите европски партнери за руската закана, а сега ќе видиме како Европа се обединува околу истиот проблем со кој Полска често се соочуваше сама, изјави Туск, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.
Туск го повика полскиот претседател Анджеј Дуда да ги ратификува измените на Законот за миграција и азил, со што на Владата би и се овозможило привремено суспендирање на барањата за азил на илегалните мигранти.
Според Туск, ова и е неопходно на Полска за да се спротивстави на „растечкиот притисок“ на нејзината граница со Белорусија, во услови кога Минск и Москва ја поттикнуваат илегалната миграција на надворешните граници на ЕУ.
– Де факто водат војна, која тие ја нарекуваат хибридна, но тоа е нешто посериозно од хибридна војна, додаде Туск пред заминувањето на Самитот на ЕУ во Брисел