УЈП: Обврска на трговците е да ги прикажат попустите за „Black Friday“ во фискалните и при секоја трансакција да издадат фискална сметка
Управата за јавни приходи (УЈП) во пресрет на најавениот Black Friday викенд упати препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги да ги изразат и наведат при издавање на сметката. Пресметаниот данок на додадена вредност треба да биде наведен во сметката со новосоздадената цена.
– Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги, а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО), задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место, да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка, стои во соопштението.
Од УЈП потсетуваат дека потрошувачите при купувањето се должни да побараат фискална сметка и да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот поради контрола.
– Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки, потенцираат од УЈП.