Европската обвинителка од Хрватска поради случајот Берош-Петрач побара заштита
Европската обвинителка од Хрватска во Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) Тамара Лаптош побарала заштита од ЕППО. Нејзиното барање за заштита е поврзано со случајот Берош-Петрач.
УСКОК на 15 ноември ги уапси сега веќе поранешниот министер за здравство Вили Берош, шефот на загрепската Клиника за неврологија и член на управниот одбор на загрепска поликлиника, Крешимир Ротим и претприемачот Сашо Поздер под сомнение за корупција.
ЕППО поведе истрага против Берош и уште седум лица.