УЈП започна проверка на сите приходи од странство од 2020 година наваму

Управата за јавни приходи (УЈП) започна процес на системска проверка на сите приливи од странство што ги оствариле физичките лица во периодот од 2020 година до денес.

Информацијата ја потврдуваат и даночни советници, кои велат дека по објавите во медиумите и директната комуникација со граѓани, УЈП веќе испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство.

Според објавеното, контролата има за цел да утврди дали граѓаните кои во изминатите години оствариле приход од странство навистина го пријавиле тој приход и поднеле пресметка до УЈП, како и дали соодветно го платиле овој данок.

Од УЈП веќе се испраќаат решенија за наплата на данок за непријавени приливи од 2020 година. Дел од граѓаните веќе добиле известувања дека им е утврден долг по основ на непријавен приход, а во следните денови се очекува засилена активност на институцијата.

Даночните советници најавуваат дополнителни објаснувања и упатства за тоа како точно треба да се пријават приходите од странство кои подлежат на оданочување со данок на личен доход, со цел граѓаните навремено да постапат и да избегнат казни и камати

Back to top button
Close