У14: Двоен пораз од Косово за македонските кошаркарски репрезентации на Купот „Едирне 2022“

 Во претпоследното коло на меѓународниот ФИБА развоен турнир во турскиот град Едирне, македонските кошаркарски репрезентации до 14 години во машка и женска конкуренција претрпеа два порази од селекциите на Косово.

Кошаркарите загубија од косовскиот тим со 80-67, додека во дуелот на женските репрезентации, избраничките на селекторот Јасмина Герасимовска по водството од 29-25 на полувреме, во продолжението ја загубија предноста и на крајот забележаа пораз од 52-42.

На утрешниот последен ден од развојниот турнир, за репрезентации до 15 години „Едирне 2022“ на кој македонските селекции настапуваат со една година помлада генерација, противник на „црвено – жолтите“ ќе им биде Романија

Back to top button
Close