У17: Македонските фудбалерки во група со Полска, Данска и Шкотска за пласман на ЕУРО 2024

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години претпладнево со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дозна противниците за завршната рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство чиј домаќин идниот мај ќе биде Шведска.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска ќе играат во групата 7 во А – дивизијата во која конкуренти ќе им бидат селекциите на Полска, Данска и Шкотска.

Македонската женска кадетска репрезентација се врати во А-дивизијата, откако првата фаза од есенските квалификации ги заврши како најдобро второпласирана репрезентација во Б-сегментот. На квалификацискиот турнир што во октомври се одигра во Косово, избраничките на Милеска извојуваа убедливи победи над Грузија (5-0) и Ерменија (4-0), а загубија минимално (1-2) од домаќинот.

Пласман на Европското првенство во Шведска ќе обезбедат првопласираните репрезентации од седумте квалификациски групи во А-дивизијата кои ќе бидат комплетирани до 24 март. 

Back to top button
Close