У17: Втор пораз на македонските фудбалерки на квалификациите во Естонија

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години вечерва во вториот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза за Европското првенство загуби од домаќинот Естонија со 5-0 (4-0).

Македонските фудбалерки беа во подредена улога на теренот и за 90 минути не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол.

Победникот на натпреварот одигран во Талин беше одлучен веќе по првото полувреме, кое домаќинките го решија во своја корист со 4-0 со головите на Таркмел (12), Лилеметс (12), Салеи (45) и Орлова (45+1). Конечниот резултат го постави Салеи со својот втор гол на натпреварот во 78 минута.

По поразот од Украина од 3-0 во воведниот натпревар, македонската кадетска репрезентација евроквалификациите ги завршува в недела против Молдавија

Back to top button
Close