Уапсени четири лица: осомничени за запаленото возило во Струмица чиј газда е вработен во МВР

На 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со настанатиот пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавено во Струмица.

„На 22.02.2026, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г., при што во домот на Р.П. се пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. е пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, а во домот на К.Г. се пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на кривичното дело.

 

— реклама —

 

За преземените мерки е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на настаните следува соодветна пријава“, информираат од МВР.

Автомобилот во јавноста се поврзува со поранешен инспектор во Министерството за внатрешни работи бил запален во Струмица, во близина на поранешниот објект „Симпо“.

Според првичните информации, пожарот избувнал во вечерните часови, по што веднаш била повикана противпожарна екипа. Огнената стихија го зафатила предниот дел од возилото, кој е целосно изгорен.

Back to top button
Close