Уапсени двајца вработени во аеродромот во Вашингтон поради споделување на снимка од воздушната катастрофа

 Двајца вработени во Националниот аеродром „Роналд Реган“ се уапсени поради основано сомнение дека незаконски споделиле видео снимка од судирот во воздух на патничкиот авион и воениот хеликоптер во близина на аеродромот.

Во катастрофата во која двете летала се урнаа во реката Потомак, загинаа сите 64 патници и членови на екипажот во патничкиот авион како и тројца воени лица кои биле во хеликоптерот.

Вработените, Мохамед Ламине Мбенгуе (21) и Џонатан Савој (45), двајцата од Мериленд, се обвинет за неовластен упад во компјутерскиот систем на аеродромот и правење неовластена копија од записите.

Телевизијата Си-Ен-Ен беше прва што ја емитуваше снимката од протеченото видео во кое се гледа фаталниот судир на авионот и хеликоптерот. Не се знае дали вработените ја предале снимката за пари или бесплатно.

Властите вршат истрага околу оваа ситуација, можно е да следуваат и дополнителни обвиненија.

Back to top button
Close