Убиени повеќе од 20 луѓе: Напаѓачи на мотори ограбија и запалија шест села во Мали
Повеќе од 20 луѓе починаа кога вооружани луѓе нападнаа села во регионот Мопти во централниот дел на Мали, велат два локални извори.
Напаѓачите го извршија нападите во текот на денот и приквечерието, ограбувајќи и палејќи шест села во областа Бандиагара, кажаа изворите кои не сакаа да бидат именувани, пренесува Ројтерс.
Еден од изворите кажа дека напаѓачите пристигнале на мотори и во голем број. Тие го нападнале првото селото каде што ги убиле сите и уништиле сѐ.
Оваа западноафричка нација се бори со вооружени групи кои се врзани со Ал Каеда и Исламската држава кои, пак, се вкорениле таму по сепаратистичката побуна на Туарег во 2012 година.
Оттогаш милитантите се проширија и во други држави во регионот северно од Сахара, заземајќи територија и убивајќи илјадници луѓе во процесот.