Убиениот американски новинар бил во Украина за да снима бегалци, потврди магазинот Тајм
Убиениот американски новинар, 51-годишниот Брент Рен, се наоѓал во Украина работејќи на проект за бегалската криза за магазинот Тајм, потврдуваат оттаму во соопштение на нивната официјална страница.
Од Тајм испратија и сочувство до најблиските на Рено и објавија дека тој бил испратен од нивна страна поради проект за глобалната бегалска криза.
„Згрозени сме од смртта на Брент Рено. Како наградуван филмски режисер и новинар, Брент ги покриваше најтешките приказни ширум светот заедно со неговиот брат Крег Рено. Во последниве недели, Брент беше во тој регион и работеше на проект за Тајм Студиос фокусиран на глобалната бегалска криза. Нашите мисли се со сите најблиски на Брент. Од суштинско значење е новинарите да можат безбедно да ја покриваат оваа тековна инвазија и хуманитарна криза во Украина“,Се вели во соопштението кое го објави Тајм.
Поради неговата смрт, градоначалникот на градот Ирпин, каде се случи инцидентот, им забрани влез на медиумите во градот.