Јубилејното издание на „Незаборав“ во Битола посветено на Драган Каранфиловски-Бојс

– Јубилејното десетто издание на музичко-сценската манифестација „Незаборав“ што се одржува во Битола, е посветна на Драган Каранфиловски-Бојс.

Aвторот на проектот Панде Димитровски информира дека оваа година заради зголемениот степен на здравствена заштита од Ковид-19 одлучиле да понудат видео издание низ кое во целост ќе биде презентирано творештвото на Драган Каранфиловски-Бојс. 

-Во видео материјалот публиката ќе се потсети на творештвото на Драган Каранфиловски-Бојс, кој беше автор на музика, музичар, пејач, автор продуцент…, уметник кој дел од својот живот го помина во Битола, членувајќи во групите „Мадригали“, „Македонија“ и „Буба Мара“. Најголемите хитови на детскиот музички фестивал „СИ-ДО“, познатите „Ало амбуланта“, „Прва Љубов“, „Наташа од трето-3“ ги напиша токму Бојс. Во видео материјалот ќе понудиме сегменти од неговиот музички живот кој за жал заврши во 2015 година, ќе презентираме концертни настапи, како и учеството на Евровизија во Стокхолм со групата „XXL“, каде како комплетен автор ја претставуваше македонската делегација во Шведска, појасни авторот Димитровски.

Режисер на проектот е Миле Гроздановски, сценариото го подготви Силвана Петровска Насух, а како и претходните девет изданија, музичко-сценската манифестација „Незаборав“ ја поддржа Општина Битола.

Back to top button
Close