Убиство во Берлин: Најдени пет мртви тела, помеѓу нив и три деца

Во близина на Берлин, кај местото Сензинг, пронајдени се пет мртви тела, помеѓу кои и три деца, пренесуваат германските медиуми.

Како што информира портпаролот на тамошната полиција, денеска претпладне, во куќа, биле пронајдени пет тела, откако добиле дојава. Постојат сомнежи дека станува збор за убиство.

Во тек е голема истрага на полицијата, со цел да се дознаат повеќе детали за случајот.

-На телата видливи се прострелни и убодни рани – вели Гено Бантлеон, државен обвинител, во разговор за Билд

 

Back to top button
Close