Љубовта на мојот живот почина. Како да изградам живот повторно?
Во рамки на рубриката “Прашај ја Филипа” во која читатели на Гардијан се обраќаат со прашања до псиготерапевтката Филипа Пери, една читателка го поставила следново прашање:
-Мојот сопруг почина од рак пред пет години. Имаше 61 година. Имавме деца и внуци. Тој беше „човекот на мојот живот“ последните 35 години. Бевме заљубени. Секоја вечер си кажувавме дека се чувствуваме добро заедно. Нашиот живот беше како што посакувавме да биде. Имавме мала селска куќа во која тој живееше со полно работно време откако се пензионираше и, бидејќи јас сè уште работев, се враќав дома од работа секој петок навечер за викенд. Бевме како љубовници кои повторно се сретнаа.
Можете да замислите колку беше болно кога го изгубив. Секој ден во текот на годините по неговата смрт, сè ме потсетува на него: музиката, снегот, сонцето, дождот, храната, филмовите… Ми беше многу тешко да се продаде нашата куќа. Но, морав да го сторам тоа и го направив. Морам да го обновам мојот живот тула по тула, но се чувствувам како да радоста никогаш повеќе нема да се врати.
Никогаш не сретнав човек кој би можел да го заземе неговото место. Премногу е ми тешко да ги фрлам сликите од него или писмата што ми ги напиша, уште чувам некоја негова облека. Знам дека морам да се откажам, но се чувствувам како да го изневерувам ако го направам тоа.
Поради ова, чувствувам дека мојот живот (особено мојот љубовен живот) е во лимбо. Јас навистина не живеам. Како да го пуштам? Како повторно да бидам слободна? Како да живеам повторно?
Одговорот на Филипа:
Филипе Арие во “Западните ставови за смртта од средниот век до денес” напиша: Ви недостасува една личност и целиот свет е празен.Но, како никој да нема право да го каже тоа гласно“.
Постои притисок дека по една година „треба“ да се ослободиме од тагата. Сепак, би рекла дека сте имале прекрасна врска, па зошто воопшто би сакале да се откажете од неа? Болно е да се биде без него и мора многу да Ви недостасува. Наместо да се ослободите, можете да создадете посебен простор или “мал олтар” во вашиот дом каде што можете да ги изложите работите на вашиот сопруг и да се сеќавате на убавите моменти што сте ги делеле. Ова може да биде место каде што можете да одите за да се чувствувате блиску до него секогаш кога ви треба.
Можеби ќе сакате тоа да биде приватно и само за вас, или нешто што ќе го споделите со вашите деца, кои можеби ќе сакаат да го додадат нешто.
Кога некој со кој сме биле многу блиски ќе почине, не само што го губиме, туку ја губиме и личноста која сме биле додека сме биле со него.Како да ви недостасува дел од себеси. Како се доживуваме себеси се разликува во однос на секоја личност со која сме и секоја група на која припаѓаме. Со текот на времето ќе се чувствувате добро со други луѓе, не на ист начин како што сте се чувствувале со вашиот покоен партнер, но различни луѓе ќе извадат различни аспекти од вас кои ќе ви допаѓаат, па дури и ќе уживате, и ќе ви биде подобро да живеете поинаку.
Го имавте животот што го имавте со партнерот и сега е време да имате друг живот. Замислете дека имате повеќе од еден живот. Можеби нема да го сакате толку колку што сте го сакале стариот живот со него, но, со текот на времето, ќе се навикнете на овој нов живот и ќе ги цените различните делови од него. Можете исто така да гледате и извесни луѓе низ романтична перспектива или ако сакате да експериментирате. Не ги споредувајте со вашиот покоен сопруг, тие секако ќе бидат различни.
Нема да го изневерите покојниот сопруг. Помислете на тоа дека баш тој ве бодри, сакајќи да извлечете максимум од вашиот живот. Нема временска рамка за тага и нема смисла ниту да се обидувате да брзате . Можно е да го почитувате и сакате споменот на вашиот сопруг, истовремено наоѓајќи нова љубов и среќа во животот.
Уживајте во задоволството на сеќавањето со како реагирал на музиката, снегот, сонцето, дождот, храната и филмовите и повторно уживајте во овие работи. Разговарајте за него и со вашите деца и пријатели, и се надевам, на крајот, спомените ќе станат извор на утеха, наместо на болка.
Тој секогаш ќе биде дел од вас, но може да негувате и нови делови, некои од нив во самотија, а некои во односите со пријателите, а можеби и нови пријатели – дури, можеби, нови љубовници. Овие нови делови од вас ќе растат околу вашата тага, околу делот од вас кој во недостасува. Тагувањето е тешко и не сум сигурна дека некогаш завршува, но можете да продолжите да се развивате и да растете околу него. Жал ми е што се чувствувате толку тажно. Се надевам дека е утеха помислата дека дека со тоа што сте преживеале вие, стр го поштедиле него од болката да биде без Вас. Од тагата што сега ја чувствувате