Ученик нападнат со остар предмет од соученик во тоалет во училиште на подрачјето на Бит Пазар
Четиринаесетгодишен ученик бил нападнат со остар предмет од свој соученик во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот го пријавила мајката на жрвтата.
-Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот, Ф.А.(43) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик, нанесувајќи му расекотина во пределот на раката – информираат од МВР.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот






