Училишен автобус удри во мост во Винчестер, повредени 15 деца
Двокатен училишен автобус утрово околу 8.10 часот удри во железнички мост во Винчестер, при што беа повредени 15 деца на возраст од 11 до 16 години.
Хоспитализирани се пет деца, од кои три се здобија со сериозни повреди, јави Би Би Си..
Учениците врескале од страв кога автобусот се залетал кон мостот, а парчиња стакло се разлетале насекаде.
Според еден сведок, возачот бил на нова рута кога го видел тунелот и сепак решил да помине.
Покривот на автобусот, во кој беа ученици од училиштето Хенри Бефорт во Винчестер, наводно е целосно уништен.
Пред мостот имало знак дека возила со висина поголема од 3,6 метри не треба да влезат во тунелот.
Портпарол на полицијата во Хемпшир изјави дека добиле повик во 08:10 часот за сериозна несреќа во Винчестер, по судир меѓу училишен автобус и железнички мост што предизвика значителна штета на покривот на автобусот.
– Сега можеме да потврдиме дека има тројца сериозно повредени кои се пренесени во болницата, како и 12 полесни повреди, од кои двајца се пренесени во болница, но нивните повреди сè третираат како полесни, додаде тој.