Јудит Варга негира дека напишала книга за екс-сопругот Петер Маѓар.Ниту се печеле кучиња, ниту имало сексуална настраност,

Со јавната објава, Јудит Варга недвосмислено ги отфрли тврдењата дека е автор на мемоари или биографија во која го обвинува Петер Маѓар, а дека таква публикација не постои се потврдува и преку проверка на фактите.

Фото притскрин: Фејсбук/Варга Јудит

Освен личната потврда од Варга, дека информациите се лажни утврдиле и факт-чекерите од американски Lead Stories. Тие укажуваат дека тврдењата за наводната книга најпрво се појавиле во објави на платформата X, каде што корисници споделувале видеа и текстови со сензационалистички наводи за наводни признанија на Варга.

Инаку, во објавите се тврди дека мемоарите биле објавени кон крајот на март 2026 година а според факт-чек анализата тие се дел од координирано ширење на непроверени информации, без докази за постоење на книгата.

Најпрво, лагата станува вирална откако на социјалната мрежа „X“ (поранешен Твитер) а ја прошириле неколку профили кои објавувале видеа со наслов „Peter Magyar exposed“, тврдења па и наводни цитати и слики од непостоечката книга.

(лажна фотографија за која се тврдеше дека е од книгата на Варга а на која „требаше да се види“ бескрупулозноста на Маѓар кој го измачувал песот Кошут, едно од двете кучиња семејни миленици)

Истата приказна ја преземаат неколку портали меѓу кои и веб-страницата „MagyarHirek24“,  регистрирана непосредно пред објавувањето на текстот, што претставува чест индикатор за дезинформациски кампањи, а како аргумент за омаловажување на Маѓар, во реториката ја користат низа политичари и јавни личности, не само од блиското опкружување на Унгарија, туку и пошироко.

Јавноста, вклучително и македонската можеше да сведочи дека лажната приказна се презема од медиуми и политички актери и од земјава, кои особено по изборите ја користат за денунцирање на идниот унгарски премиер.

Интересен е податокот кој го објавуваат полските медиуми и сервиси за проверка на податоците како Pollar и Konkret24 кои наведуваат дека оригиналната приказна потекнува од портал со проруска ориентација.

Чешката организација за развој на медиумите Transitions online објави дека во текот на изборната кампања во Унгарија, се забележани голем број дезинформациски активности и координирани кампањи со манипулативни содржини за Петер Маѓар на социјалните мрежи. Во некои извештаи се наведува и можност за странско влијание, вклучително и руски дезинформациски активности насочени кон изборниот процес.

Контроверзниот однос меѓу Варга и Маѓар

Приватниот живот на поранешната унгарска министерка за правда Јудит Варга и лидерот на унгарската опозиција Петер Маѓар станува предмет на јавен интерес дури по нивниот развод во март 2023 година, иако двојката претходно повеќе од една деценија важи за еден од највлијателните политички парови во Унгарија.

Варга и Маѓар биле во брак 16 години и имаат три деца. Во периодот додека Варга е министерка за правда во владата на Виктор Орбан, Маѓар не е јавно политички експониран.

Нивниот разводот поминува без поголемо медиумско внимание, но ситуацијата драматично се менува во 2024 година, кога Петер Маѓар почнува јавно да ја критикува владата на Орбан и да изнесува тврдења за политички притисоци и корупција.

Ситуацијата ескалира по објавувањето на приватна аудио-снимка од страна на Маѓар во март 2024 година, направена нивниот семеен дом во јануари 2023 година, непосредно пред разводот. На снимката, Варга зборува за наводни обиди на владини функционери да влијаат врз истраги поврзани со високопрофилни корупциски случаи.

Маѓар тврдеше дека одлучил да ја објави снимката во јавен интерес и дека таа е и повеќе од јасен доказ за системска корупција во режимот на Орбан.

По објавувањето, Јудит Варга ја потврдува автентичноста на разговорот и си поднесува оставка од функцијата, но истовремено го обвинува поранешниот сопруг дека ја снимал тајно.

Јавниот конфликт дополнително се засилува откако двајцата почнуваат да изнесуваат спротивставени верзии за причините за разводот. Додека Варга говори за тензичен приватен однос, сериозни брачни конфликти и психолошки притисок, Маѓар тврди дека нивниот развод бил резултат на политички притисоци и на неговото несогласување со владејачките структури.

Односот меѓу двајцата поранешни сопружници и нивната приватна историја, поради новата улога на Маѓар во унгарската политика се очекува и натаму да биде во фокусот на јавноста.

prezemeno od 360.mk

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close