УЕФА до среда ќе донесе одлука за финалето на ЛШ

УЕФА нема планови да ги намали домаќините за ЕП 2020 - МИА

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) најдоцна до среда ќе „пресече“ дали финалниот натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ) ќе се игра на крајот од мај во Истанбул како што е планирано, или пак, завршницата ќе биде преместена во Лондон поради влошената здравствена состојба во Турција поврзана со коронавирусот.

Британскиот сервис Би-Би-Си пренесе попладнево дека челните луѓе на УЕФА, Фудбалската федерација на Англија и властите во Лондон денеска ќе одржат виртуелен состанок на кој ќе разговараат околу опциите за финалето закажано за 29 мај.

Британската Влада минатата недела ја стави Турција на рестриктивната листа земји за патување поради коронавирусот што ги засили шпекулациите за можно преместување на „англиското“ финале меѓу Челзи и Манчестер сити на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Back to top button
Close