УЕФА ќе му одаде почит на Бекенбауер на отворањето на ЕВРО2024

УЕФА соопшти денеска дека на воведниот натпревар од ЕВРО2024 меѓу Германија и Шкотска ќе му биде одадена почит на легендата на германскиот фудбал Франц Бекенбауер.
Бекенбауер, еден од најголемите играчи на својата земја, беше капитен на репрезентацијата на Западна Германија која триумфираше на Европското првенство во 1972 година и на Светското првенство во 1974 година, а ја освои и титулата светски шампион во 1990 година како германски селектор. Тој почина во јануари на 78-годишна возраст.
На церемонијата на отворањето, сопругата на Бекенбауер, Хајди, ќе го носи шампионскиот пехат „Анри Делоне“ во придружба на другите двајца германски капитени кои ја освоиле европската титула, Бернард Дајц и Јирген Клинсман.
Тоа ќе биде потсетување „на сите три германски триумфи на ЕП“, се вели во официјалното соопштение на УЕФА.

Back to top button
Close