УЕФА ги одреди судии за финалињата во ЛШ и ЛЕ

 Шпанецот Антонио Мигуел Лахос ќе го суди финалето од овогодишното издание на Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Челзи и Манчестер сити закажано за 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, одлучи денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Лахос е еден од најискусните судии во шпанската Ла Лига во која дебитираше во 2008 година, а 44-годишниот арбитер го носи знакот на ФИФА од 2011 година.

Финалето во Лига Европа (ЛЕ), кое ќе се игра на стадионот во Гдањск меѓу Виљареал и Манчестер јунајтед ќе го суди 38-годишниот Французин Клемент Турпун, кој го носи знакот на ФИФА од 2010 година, а во 2016. беше прогласен за судија на годината во избор на Француската фудбалска федерација.

Back to top button
Close