УЕФА во февруари ќе одлучува за забраната на Барселона од европските натпреварувања

– Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во февруари ќе донесе одлука за евентуалното исклучување на Барселона од европските натпреварувања, објави „Marca“.

Каталонците заедно со Пари Сен-Жермен, Манчестер сити и Милан се осомничени дека не ги почитувале правилата за финансиски ферплеј на УЕФА.

Претходно во шпанските медиуми се појави шпекулација дека каталонскиот клуб би можел да биде суспендиран на три години од учество во Лигата на шампионите.

Во јули 2023 година, Барселона беше казнета со 500 илјади евра од УЕФА поради неточни финансиски извештаи.

Барселона заработи 71,5 милиони евра за настапот во групната фаза од Лигата на шампионите во тековната сезона.

Каталонците се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите 2023/24, каде противник ќе им биде Наполи.

Back to top button
Close