УЕФА забрани европски фудбал во Белорусија

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти денеска дека репрезентациите на Белорусија и белоруските екипи ќе ги играат своите домашни дуели во рамки на европските натпреварувања на неутрален терен.

– Извршниот комитет на УЕФА одлучи дека белоруските клубови и репрезентации, кои учествуваат во нашите натпреварувања, ќе имаат обврска своите домашни натпревари да ги играат на неутрален терен, а оваа одлука стапува на сила веднаш. Покрај тоа, ниту еден гледач нема да може да присуствува на тие натпревари, соопшти УЕФА.

Претходно оваа недела УЕФА и ФИФА ги суспендираа руските клубови и репрезентации поради инвазијата на Украина.

Back to top button
Close