УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето

УХМР ја објави викенд временската прогноза. Според најавите на синоптичарите, утре ќе биде сончево и топло, но од недела следи промена, дожд и заладување, кое ќе го почувствуваме уште повеќе од следната недела.
-Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура, информираат од УХМР.






