УХМР издаде метео аларм: Утре силен ветер и пороен дожд низ земјава


Македонија утре, на 30 април, ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса, што ќе донесе значителна промена на временските услови. Се очекува облачно време проследено со врнежи од дожд.

На поединечни места врнежите ќе бидат пообилни, со очекувана количина од 15 до 20 литри на метар квадратен.

Покрај дождот, дополнителен проблем ќе создава ветерот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Неговата брзина повремено ќе надминува 60 километри на час, што бара зголемена внимателност при движењето на отворено.

Back to top button
Close