УХМР со вонредно предупредување: Нестабилно со пороен дожд, грмежи и град во овие делови на Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево соопшти за дејствување на влажна и нестабилна воздушна маса која носи врнежи и невреме во повеќе региони низ државата, со посебен акцент на југоисточниот и централниот дел.

Од метеоролошката служба излегоа со конкретни детали за моменталната состојба на теренот според нивните последни радарски мерења.

„Врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет во околината на Кичево, Кавадарци и Неготино. Поинтензивна нестабилност југозападно од Валандово со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на суградица со правец на движење од запад кон исток“, информираат од УХМР.

Паралелно со ова, силни процеси и изолирана појава на град се забележани на крајниот југ на земјата, на потегот меѓу две погранични општини.

Како што додаваат од Управата, „според радарска слика на крајниот југоисток, помеѓу Општина Гевгелија и Валандово има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град“

Back to top button
Close