Украдени 100 милијарди долари од американските програми наменети за пандемијата

Речиси 100 милијарди долари се украдени од американските програми за да помош на бизнисите и луѓето кои изгубија работа за време на пандемијата на коронавирусот, соопшти американската Тајна служба.

–Проценката се заснова на случаи на Тајната служба и податоци од Одделот за труд и администрацијата за мали бизниси, рече Рој Дотсон, национален координатор за наплата на измами од пандемијата на агенцијата. Тајната служба не вклучи случаи на измама со Ковид-19 кои ги гони Министерството за правда, пренесува Гласот на Америка.

Украдените средства сочинуваат околу 3 отсто од 3,4 трилиони долари помош за луѓето и бизнисите. Но, околу 87 отсто од украдените пари можеби отишле на измама поради невработеност. Се претпоставува дека значителен дел од нив можеби биле незаконски исплатени. Тајната служба замрзна 1,2 милијарди долари владини пакети за помош за време на проверките за можна измама со обештетувања поради невработеност или измами со кредити. Сега има околу 900 истраги во сите американски сојузни држави, а досега се приведени 100 лица.

 

Back to top button
Close