Украина ќе продава „воени обврзници“ заради финансирање на вооружените сили

Украинската влада соопшти дека од денеска планира да продава обврзници за да ги плати своите вооружени сили додека ја бранат земјата од руската инвазија, јави Би-Би-Си.

Во нишка на Твитер, Министерството за финансии на Украина соопшти дека секоја едногодишна обврзница ќе има номинална вредност од 1.000 украински гривни (24,80 фунти; 33,27 долари), а каматната стапка што ќе им се нуди на инвеститорите „ќе биде одредена на аукцијата“.

„Приходите од обврзниците ќе бидат искористени за задоволување на потребите на вооружените сили на Украина“, се додава.

Back to top button
Close