Украина: Гранатирана џамијата на Сулејман Величествениот, внатре се криеле 80 деца и возрасни

Министерството за надворешни работи на Украина тврди дека руските сили гранатирале џамија во јужниот дел на украинскиот град Мариупол, каде што биле засолнети над 80 деца и возрасни.

Министерството за надворешни работи на Украина на Твитер објави дека џамијата на султанот Сулејман Величествениот во Мариупол била гранатирана од руски „напаѓачи“.

„Од гранатирањето се кријат повеќе од 80 возрасни и деца, меѓу кои и турски државјани, велат од Министерството за надворешни работи на Украина.

Засега нема информации за евентуални жртви при овој напад

Back to top button
Close