Украина на местото на Русија на Светското одбојкарско првенство

Меѓународната одбојкарска федерација донесе денеска одлука украинската репрезентација да ја замени Русија на годинешното Светско првенство.

Претходно, поради руската инвазија врз Украина, светското одбојкарско тело не само што и забрани на Русија да настапи на Светското првенство, туку и ја одзеде и организацијата на мундијалскиот турнир.

Русија требаше да го организира Светското првенство од 26 август до 11 септември, а за нови домаќини се одредени Полска и Словенија.

Украина ќе ја замени Русија како најдобро рангирана репрезентација, која не успеа да обезбеди пласман, и ќе игра во групата А со Србија, Порторико и Тунис.

Back to top button
Close