Украина од Судот во Хаг бара создавање посебна сметка во ЕУ за Русија да плаќа репарации

Украина инсистира на отворање посебна сметка во ЕУ, на која Русија ќе добива средства за испорачаните гас и нафта, а кои ќе се проследуваат во Киев и ќе се користат за обновување на економијата на Украина, јави Укринформ.

– Работиме на создавање преседан во плаќањата и акумулирање на парите што сега се исплаќаат на Русија за гас и нафта. Овие пари мора да престанат да се слеваат на руските сметки и мора да се акумулираат на посебна сметка во ЕУ за Русија да не ги добива овие средства. Овие пари мора да бидат префрлени во Украина за закрепнување на украинската економија и репарации, а исто така и Руската Федерација да биде казнета и целосно да плати за сите злосторства што ги прави во Украина, изјави Лана Зеркал, член на украинската делегација која ги изнесува аргументите пред Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг.

– Наместо парите да дојдат во Русија, а според проценките на самите европски земји, тоа е речиси милијарда долари месечно, овие средства да се депонираат на посебна сметка и потоа сумата се префрла во Украина, додаде таа.

 

 

Back to top button
Close