Украинско МНР: Посетата на Орбан на Москва не беше координирана со Украина


Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на Орбан на Москва, која уследи по неговото патување во Киев претходно оваа недела, не била координирана со Украина.

-Потсетуваме дека за нашата земја принципот „нема договори за Украина без Украина“ останува непоколеблив и ги повикуваме сите земји строго да го почитуваат, се вели во соопштението на Министерството.

Киев го гледа својот мировен план од 10 точки и меѓународниот самит заснован на него како единствениот реален пат за ставање крај на војната со Русија, која трае повеќе од две години.

Back to top button
Close