УКРО: Биолошката терапија пристигна, пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во текот на денот е пристигната биолошката терапија по новата јавна набавка, потврдуваат за МИА од оваа јавна здравствена установа.

– Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот на УК за радиотерапија и онкологија за кога да дојдат за апликација на терапијата и/или за подигање на таблетарната терапија, појаснуваат од клиниката.

Додаваат дека во текот на денот и сукцесивно во текот на наредната недела ќе се дистрибуираат сите лекови.

Од клиниката одговорија потврдно на нашето прашање дали веќе ги имаат сите лекови што недостасуваа.

Back to top button
Close