Унгарецот Дардаи се врати на клупата на Херта

Унгарецот Пал Дардаи од денеска е нов стратег на Херта, враќајќи се во бундеслигашот од Берлин за кој настапуваше и беше тренер во минатото.

Поранешниот унгарски селектор потпиша договор до јуни 2022 година и доаѓа на местото на Бруно Лабадија, кој во неделата доби отказ.

Унгарецот го носеше дресот на берлинска Херта од 1997 до 2011 година, а го предводеше клубот од 2015 до 2019 година.

Дардаи ќе има задача да обезбеди сезонава опстанок во Бундеслигата со Херта, која по 18 натпревари е на 14 место, со ефект од четири победи, девет порази и пет нерешени.

Back to top button
Close