Унгарија: Оставка на заменик министерот за правда, осомничен за примање мито

Пал Валнер, член на владејачката партија Фидес, бил под истрага за примање мито од претседателот на унгарската Комора на правосудни службеници

Унгарскиот заменик министер за правда Пал Волнер денеска поднесе оставка откако Обвинителството објави дека е осомничен за примање мито и други дела.

Веднаш штом Обвинителството побара да му се одземе пратеничкиот имунитет на Волнер, тој објави дека ги напушта сите политички функции, иако негираше дека е виновен.

Претходно денеска, Обвинителството соопшти дека Волнер, член на владејачката партија Фидес, бил под истрага за примање мито од претседателот на унгарската Комора на правосудни службеници, во износ од два до пет милиони унгарски форинти (помеѓу 5 450 и 13 650 американски долари).

Волнер, кој e државен секретар на Министерството за правда од 2019 година, е осомничен за злоупотреба на службената положба за лична корист со примањето поткуп од претседателот на Комората.

Back to top button
Close