УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

Во саботата, во Градскиот парк Скопје со голем шаховски хепенинг беше одбележана 100 годишнината од основањето на Светската Шаховска Организација (ФИДЕ).
Настанот одржан под мотото “100 години шах – Вистинскиот потег е со УНИБанка” во организација на Шаховската Федерација на Македонија со поддршка од УНИБанка беше вистински празник за шахот.

100 шаховски табли поставени во парк, симболично по една за секоја година од постоењето на ФИДЕ, привлекоа голем број на вљубеници на шахот да дојдат во Градскиот парк да се забавуваат и да одиграат партија шах. Дел од специјалните гости на настанот беа светската првенка во шах ВМ Антоанета Стефанова и британскиот велемајстор, директор за развој во ФИДЕ ВМ Најџел Шорт, истакнатиот македонски ракометен голман Борко Ристовски и многу други.
Настанот исполнет со многу забава, музика и подароци, овозможи повеќе од 300 деца, но и голем број на возраснии да си ги одмерат силите на шаховската табла со познатите велемајстори и да ја почуствуваат нивната експертиза.

За време на свеченото отварањена настанот, ШФМ додели и плакети за особена заслуга за промоција и развој на шахот на УНИБанка, Антоанета Стефанова, како и на двајца истакнати македонски шаховски ветерани Никола Столев и Нафи Хасани.

На настанот свое обраќање имаше и Милка Тодорова, Извршен директор и Претседател на Управниот одбор на УНИБанка.
”Горди сме што УНИБанка е силен партнер и поддржувач на шахот како исклучително корисна игра за подобрување на когнитивните сподобности кај возрасните, а особено и кај децата. Нашиот активен придонес го насочуваме кон младите и нивното понатамошно остварување. Ние сакаме општеството и економијата да просперираат, затоа Банката, како општествено одговорна компанија, продолжува да поддржува проекти и иницијативи од различни области, како спорт, култура, образование и уметност.”- изјави Тодорова.

Со приклучувањето на одбележувањето на годишнината која се одржува низ светот, Македонија уште еднаш покажа дека е дел од големото шаховско семејство и дека интересот за шахот се повеќе се зголемува.

УНИБанка и во иднина останува посветена на унапредувањето на спортот во нашата држава и ќе продолжи да инспирира се повеќе луѓе да спортуваат и да го одржуваат своето здравје.

Back to top button
Close