Уругвајките на масовен протест: Стоп за сексуалното насилство!

Илјадници жени протестираа вчера во центарот на Монтевидео против сексуалното насилство. Тие ја осудија „културата на сексуално злоставување” во Уругвај откако 30-годишна жена беше групно силувана.

Извикувајќи „Не, не”, „Ова не е презумција, ова е силување” и „Нека гори”, учесничките во протестите организирани од феминистичките организации ширум земјата, започнаа голем марш во главниот град по неколку случаи на сексуално насилство извршени во изминатите денови.

Една жена пријавила дека била силувана од група мажи во стан во Монтевидео, каде претходно заминала со еден од нив по средба во ноќен клуб и со кого имала сексуален однос на заедничка согласност. Но, потоа уште најмалку три лица дошле во станот и ја силувале жената со соучесништво на мажот со кој првично заминала во станот.

 

Силувањето било потврдено при лекарски преглед. Наложени се ДНК анализи за да се потврди одговорноста на наводните напаѓачи, кои се повикани на суд.

 

– Културата на силување е постојано да се вели дека мажите имаат „потреби” или „сексуални нагони” кои не можат да ги контролираат. Секојдневно се соочуваме со зборови кои нагласуваат страв, молчење и сомнеж, велат феминистичките организации во заедничкото соопштение, повикувајќи за подобро сексуално образование и преземање конкретни дејствија од страна на државата за заштита на жените.

 

 

 

Back to top button
Close