Уште двајца Руси признаа вина за воени злосторства во Украина
На второто судење за воени злосторства во Украина, два руски војника се обвинети за ракетни напади врз цивилни објекти.
Доколку тие бидат осудени, може да добијат казна затвор до 12 години.
Нивниот адвокат побара осумгодишна казна, бидејќи тие извршиле наредби од офицери.
– Признавам што направив, жалам за делата што ги стори нашата војска, верувам оти војната ќе биде завршена и дека ќе дојде мирот, што сите го чекаме, изјави Бобикин на крајот од сослушувањето.
Иванов не кажа ништо.
Судењето продолжува на 31 мај.
Првото судење во Украина за воено злосторство од почетокот на руската инвазија, заврши со изречена казна доживотен затвор за 21-годишниот Вадим Шишимарин. Тој е осуден поради убиство на невооружен цивил