Уште се проверува дали осомничениот за убиство на ракометарот избегал од земјава  

Скопското обвинителство очекува известување од Министерството за внатрешни работи известување дали осомничениот за убиството на ракометарот, Денис Тот се наоѓа во државата. Ако се утврди дека тој избегал, ќе биде распишана и меѓународна потерница, велат од Обвинителството за „Фокус“

-За осомничениот кој се уште е недостапен на органите на прогонот мерката ќе започне да се применува од неговото приведување. Во тек е постапката за пронаоѓање и лишување од слобода на осомниченото лице. По распишаниот централен распис, Основното јавно обвинителство Скопје очекува известување од Министерството за внатрешни работи дали лицето се наоѓа во државата. Доколку се утврди дека тој ја напуштил државата, ќе биде распишана и меѓународна потерница, велат од обвинителството за „Фокус

Повеќе

 

Back to top button
Close