Утковски: Кај неколку штитеници има видливо црвенило, ќе се утврдува дали била употребена прекумерна сила од затворската полиција

По поплаките дека при претрес на Единицата на интервенции на затворската полиција во затворот „Скопје“ биле повредени неколку осуденици, директорот на затворот во Шуто Оризари, Бобан Утковски, вели дека кај неколку штитеници е забалежливо црвенило, но допрва ќе се утврдува дали над нив била употребена прекумерна сила.
Токму поради овој настан вчера во затворот „Скопје“ влезе и Народниот правобранител Фатон Сељами.
-Народниот правобранител м-р Фатон Сељами, заедно со тимот од Механизмот за граѓанска контрола оствари средба со директорот на КПУ Затвор Скопје г.Бобан Утковски и заменик директорот г.Баки Мустафи. Целта на средбата беше да се добијат подетални информации за текот на вчерашниот претрес од страна на припадници на Единицата за интервенции на затворската полиција, која е под директна надлежност на Управата за извршување на санкции, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.
Правобранителот Сељами директно разговарал и со дел од затворениците.
-Воедно, Народниот правобранител ги посети и разговараше со дел од затворениците кои беа предмет на претресот. Притоа, акцентот при посетата беше ставен на начинот на кој постапувале припадниците на оваа единица, односно дали при вршењето на претресот биле испочитувани процедурите и стандардите утврдени со актите по кои истата работи, а во насока на утврдување дали имало или не, пречекорување на службените овластувања, односно дали била употребена прекумерна сила.
Се очекуваат и заклучоците од Народниот правобранител






