Утре нестабилно со дожд и грмежи, пресврт за викендот


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува период на променливо, но релативно топло време. Според најновите информации, утрешниот ден ќе биде најкритичен, со повремени врнежи од дожд и локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Сепак, веќе од петок се очекува стабилизација. Викендот ќе помине со претежно стабилно време, но со умерен до засилен северен ветер кој ќе го обележи крајот на работната недела.

Back to top button
Close