Утре почнува фудбалскиот Мундијал – првпат во независна Македонија МТВ нема да врши пренос на натпреварите


За речиси 24 часа од сега започнува Светското првенство во фудбал, кое првпат ќе се игра во три држави домаќини и ќе учествуваат рекорден број репрезентации – 48.

Сепак, првпат во историјата на независна Македонија, јавниот сервис – МТВ нема да врши пренос од натпреварите.

ТВ правата за овој пазар ги има обезбедено Арена спорт на српски Телеком, но преносот на натпреварите од Мундијалот ќе одат само на премиум каналите кои кај операторите се вклучени во дополнителните пакети, додека пак во основните Арена спорт 1, 2 и 3 нема да има преноси.

Ова е прв случај МТВ да не обезбеди преноси од Светско првенство во фудбал.

Во 2008 година националниот сервис не обезбеди преноси од Европското фудбалско првенство што се одржа во Швајцарија и Австрија.

Back to top button
Close